Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Komanditno drustvo so akcii (makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.
Историјата и сегашноста на комадитното друштво со акции
Настанувањето и развојот на комадитното друштво со акции, покрај акционерското друштво, се должи на големите ограничувања што постоел во 18 век во поглед на основање и функционирање на акционерското друштво. Комадитното друштво со акции е некој вид комбинација меѓу патершипот и јавната компанија, кои посебно правно се уредуваат. Со создавањето на комадитното друштво со акции се настојува да се искористат предностите како на комадитното друштво (трајна, неменлива управа), така и предностите на акционерското друштво (главнина претставена во акции, до капитализација со прибирање на капиталот на трети лица). Комадитното друштво со акции дури овозможило под формата на командитно друштво всушност да функционира акционерско друштво, само ако командиторите-акционери најмат статист кој во друштвото ќе ја игра улогата на комплементар.
Не е спорно дека функционирањето на комадитното друштво со акции е покомплексно во поглед на функционирањето, на пример од друштвото со ограничена одговорност, но и од акционерското друштво заради спротивставеноста на две категории содружници чии права и обврски се многу различни. Исто така, неограничената и солидарна одговорност на комплементарите не е најповолен елемент за комадитното друштво со акции без оглед на тоа колку овој вид на одговорност и обезбедување на доверителите може да го фаворизира добивањето на кредит за финанстирање на потребите на друштвото. Ова се непогодности што го отежнуваат изборот на командитно друштво со акции како правна форма на организација на претприемништвото. И покрај тоа оваа форма на друштво поседува оригинална посебност што може да претставува значајна предност за претприемачите за исвесни случаи. Во прв ред, оваа форма на друштво овозможува надворешниот капитал да се прибере со јавен повик, што значи во друштвото да влезат нови содружници (командитори-акционери), а притоа да се задржи и да се одржи постојаниот систем на управување на друштвото, што е многу значајно да остане во рацете на еден круг на личности.
Како предност треба да се маркира и големата слобода што му е препуштена на договарањето на содружниците во поглед на утврдување на режимот на кој ке бидат подведени управителите (именувањето, отповикувањето и наградувањето).
На крај, одвоеноста на контролата на управувањето од контролата над капиталот може да им овозможи на основачите на претпријатието да го организираат своето наследување и замена и да обезбедат управувањето да дојде во раце на компетентни личности и кога тие не се финансиски способни да ја превземат контролата над претпријатието.
2. Поим и карактеристики на комадитното друштво со акции
Командитното друштво со акции е трговско друштво чијашто основна главнина е разделена на акции и во коешто еден или повеќе содружници одговараат неограничено и солидарно за обврските на друштвото, со сиот свој имот (комплементари) и неколку содружници кои имаат својство на акционери и кои одговараат до износот на нивните влогови и кои не одговараат за обврските на друштвото (командитори).
По дефиниција командитното друштво со акции е мешана, бастардна форма на трговско друштво кое поседува истовремено елементи типични за командитното друштво (две категории на содружници: комплементари и командитори) и за акционерско друштво (основна главнина што е поделена на акции). Командитното друштво со акции е преодна форма од персоналните друштва (командитно друштво) кон капиталски друштва (акционерско друштво).
---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!